Барселона ќе биде ослабена против Реал во шпанскиот Суперкуп


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Суперкупот на Шпанија се игра во недела меѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид, а тренерот Чави Ернандез се соочува со проблеми пред „Ел Класико“.

Чави не може да смета на Гави, кој од претходно е повреден, но сега остана и без услугите на Иниго Мартинез, Жоао Кансело и Рафиња.

Бразилецот ја повреди задната ложа и нема да биде на располагање на каталонскиот гигант в недела.

Финалето во Суперкупот се игра в недела од 20 часот.