До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона има разочарувачка сезона, која ја заврши само со трофејот во шпанскиот Куп, додека одамна испадна од борбата за Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига.
Пред управата на Барселона претстои голема работа летово затоа што мора да ја решат финансиската криза во тимот, а потоа да направат и промени во играчкиот кадар за следната сезона да може да ги нападнат сите трофеи.
Барселона наскоро треба да ги претстави дресовите за следната сезона, а вчера во јавност се појави гарнитурата која ќе се користи во ЛШ.
Станува збор за дресови во кои Барселона ќе игра неколку натпревари следната сезона во ЛШ, но дизајнот целосно ги разочара навивачите на каталонскиот гигант, кои го критикуваат „Најк“.















