Барселона ќе му ја „удри клоцата“ на Циндриќ?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Барселона планира да го прекине договорот на хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ на крајот на сезоната.

Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона планира да се раздели од Хрватот затоа што е често повреден, а притоа со таков потег ќе ја олеснат финансиската состојба во тимот.

Како потенцијални замени за Циндриќ се споменуваат Пол Валеро и Домен Макуц, но Барселона прво мора да го реши проблемот со Хрватот.

Циндриќ пристигна во Барселона во 2019 година од Кјелце и потпиша договор до 2023 година, но потоа истиот го продолжи до 2025 година.