Барселона ќе остане со празни раце: Реал Мадрид сака еден од најдобрите во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми најавуваат нова битка меѓу Барселона и Реал Мадрид, но овој пат на трансфер-маркетот. Двете екипи се заинтересирани за талентираниот шпански репрезентативец Нико Вилијамс.

По одличната сезона за Атлетик Билбао во 2023/24, Вилијамс одигра важна улога и на Европското првенство (ЕП) во Гермнија, па поради тоа го привлече интересот на „кралевите“.

„Кралскиот клуб“ наводно го следи секој чекор на Вилијамс и подготвен е да тргне по неговиот потпис доколку си замине Винисиус Жуниор или Родриго во текот на следното лето.

Барселона минатото лето сакаше да го ангажира Вилијамс, меѓутоа не успеа затоа што Шпанецот реши да остане во Атлетик Билбао.