Барселона ќе се откаже од Араухо, но само под еден услов!

Шпанскиот гигант Барселона не се прослави оваа сезона, па до крајот ги чека битка со Жирона за пласман на втората позиција во Ла Лига.

Барселона е подготвена да продаде дел од фудбалерите за да ја поправи финансиската состојба, а еден од тие кои би можеле да заминат е Роналд Араухо.

Араухо вреди околу 100 милиони евра, колку што бара Барселона и не планира да ја спушти цената за одличниот дефанзивец.

Каталонската екипа е подготвена да го продаде Араухо затоа што веќе во одбраната ги има Кунде, Мартинез, Кристенсен, Кубарси и Фаје.