Барселона ќе се откаже од Суперлигата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта наскоро ќе објави дека каталонскиот гигант се откажува од идејата за создавање на европска Суперлига.

„Кадена Сер“ објави дека Лапорта наскоро треба да ги објави деталите за одлуката.

„Лапорта ќе објави дека Барселона се откажува од Суперлигата. Екипата се реши на таков потег, зашто е згрозена од постапките на раководството на Реал Мадрид кој не застана на нивна страна во случајот со подмитување на судии“, пишува медиумот.

Барселона е под истрага откако беше објавено дека со години исплаќала милиони долари на компанија која му припаѓа на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Хозе Марија Енрике Негреира.