Барселона ќе трампа двајца фудбалери за еден на Валенсија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона е пдоготвена ова лето да остане без услугите на Жорди Алба, а прва желба на Каталонците им е Хозе Гаја.

Капитенот на Валенсија со месеци се споменува како природен наследник на Алба, а Барселона знае и како да го ангажира одличниот фудбалер.

„Радио Каталуња“ објави нови детали од преговорите, односно можна трампа меѓу двете шпански екипи.

Барселона го сака Гаја, а Валенсија е подготвена во замена за капитенот да ги прифати Мартин Брајтвајт и Карлес Алења.

Данецот е на трансфер-листата по пристигнувањето на Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а Барселона го проценува околу 10 и 15 милиони евра.

Алења, исто така, не добива место во екипата, а по позајмицата во Бетис, минатата сезона играше во Хетафе, но сега очигледно ќе биде продаден или вметнат во размената за капитенот на Валенсија.