Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По дебаклот во Лигата на шампиони на крајот на минатата сезона, управата на Барселона реши да му даде отказ на тренерот Кике Сетиен.
Сетиен седна на клупата на каталонскиот гигант пред повеќе од половина година, а по поразот од Баерн Минхен (2-8) беше решена неговата судбина.
Шпанските медиуми утрово објавија дека Сетиен добил отказ, но тоа скапо ќе ги чини луѓето од каталонскиот гигант.
„Мундо Депортиво“ неколку моменти пред крајот на состанокот, објави дека двете страни се договориле и Сетиен ќе добие дури 10 милиони евра.
Новинарите го сретнаа Сетиен по завршување на состанокот, но не беше расположен за да даде изјава и порача дека наскоро ќе објави соопштение.
?[CUATRO] | Barça and Quique Setien have reached an agreement for the final settlement of the dismissal.
— BarçaTimes (@BarcaTimes) September 17, 2020
Ronald Koeman will not have any problems for sitting at the Culérs bench. pic.twitter.com/zqPjA0uDER