Барселона конечно откри колку Нејмар е платен на Сантош


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар во летото 2013 година стигна во Барселона од Сантош.

Нејмар после доаѓањето на Ноу Камп стана еден од најбогатите играчи на оваа екипа, а во минатата сезона е прогласен за трет најдобар играч на светот.

Сепак, неговиот трансфер во Барселона подигна многу прашина.

Имено, шпанските медиуми едно време тврдеа дека Барселона го измами „законот“ и дека Бразилецот е платен дури 86 милиони евра.

Многу приказни се водеше најмногу околу тоа дали Барселона даде лажни информации со цел да не платат данок на Нејмар.

Сепак, се огласи Сусана Моње, потпретседателка на Барса која одлучи да ги открие сите детали од овој трансфер.

Таа не образложи колку на Нејмар му припаднаа пари за трансферот, веќе колку Сантош профитираше.

На изненадување на многумина Нејмар Барса ја чинеше само 19.3 милиони евра! Сантош и припаднала 17.3 милиони евра, а два милиони добиле после тоа што Нејмар влезе во ТОП 3 играчи на светот. Навистина неверојатни информации.