Барселона купува засилувања, ама не може да ги регистира: Левандовски не може да игра за тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона ова лето реализираше неколку добри трансфери, но не може да регистира ниту еден од новите фудбалери поради финансиските проблеми.

Барселона досега не пријави ниту еден од новите играчи за настап во Ла Лига, иако во претходниот период пристигнаа Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Роберт Левандовски и Рафиња.

Клубот мора да ги реши сериозните проблеми во следниот период, ако сака да смета на новите засилувања и да избегне главоболки како во минатата сезона.

Каталонците лани се засилија со Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија, но тие го пропуштија првото и второто коло во Ла Лига затоа што не беа регистирани.