Барселона може да остане без место во ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека обвинителството поднело пријава против Барселона поради корупција на поранешните претседателот Хозе Марија Бартомеу и Сандро Росел.

Тие се обвинети дека од 2001 до 2018 година давале пари на компанијата на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига, Хозе Марија Енрикез Негреиро.

Иако претседател на екипата во тој период беше и Жоан Лапорта, кој сега е на чело на екипата, сепак тој не е обвинет и против него не се води постапка.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас побара оставка од Лапорта, но такво нешто нема да се случи, а сега медиумите пишуваат дека Барселона би можела да биде исфрлена и од Лигата на шампиони (ЛШ) ако не успее да се одбрани пред Судот.