Барселона можела да го купи Мбапе за 100 милиони, но тие платија 140 за Дембеле

Барселона може да жали затоа што сега во свои редови го нема Килијан Мбапе, иако имале шанса да го купат во 2017 година, и тоа за само 100 милиони евра.

Раководството на Жозеп Марија Бартомеу очигледно не работеше како што треба, а тоа го докажува и овој случај со Мбапе. Тие решија тогаш да платат 140 милиони евра за Осман Дембеле, наместо да го купат Мбапе за 100 милиони евра.

Каталонците разговарале со таткото на Мбпае и им соопштиле дека Французинот не сака да се пресели во Реал Мадрид затоа што веќе таму играа Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Објаснувањето за таквиот потег е повеќе од бизарно, затоа што каталонскиот гигант сметал дека Дембеле е тимски фудбалер за разлика од Мбапе.