Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот шампион на Шпанија, екипата на Барселона го договори трансферот на искусниот Иниго Мартинез од Атлетико Мадрид.
Мартинез ги помина медицинските прегледи, а ќе се приклучи на каталонскиот гигант по завршување на неговиот договор со Атлетик.
Познатиот новинар Фабрицио Романо потврди дека трансферот е договорен и меѓу двете страни ќе биде потпишана двегодишна соработка.
Мартинез пристигна во Атлетик во 2018 година за 32 милиони евра, а притоа во својата кариера играше и за Реал Сосиедад Б, како и првиот тим на Реал Сосиедад.