ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Барселона веќе неколку дена има проблеми во обидот да го регистрира Дани Олмо до крајот на сезоната, а по неколку неуспешни обиди, единственото решение изгледа е да се продаде некој од првотимците и изгледа дека се знае кој на крај ќе биде жртва во сето тоа.
Дани Олмо од синоќа и официјално нема повеќе право да настапува за Барселона бидејќи му истече регистрацијата која ја имаше, и во каталонскиот клуб на секој начин се обидуваат да го регистрираат Шпанецот.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона има рок до крајот на утрешниот ден да го реши проблемот со регистрацијата на овие двајца играчи и доколку не успее, Олмо и Виктор од 3 јануари ќе можат бесплатно да го напуштат клубот.
Медиумите во Шпанија денеска пишуваат дека „жртва“ во целата оваа ситуација речиси сигурно ќе биде данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен, кој Барселона сака што побрзо да го продаде, па овој играч веќе е понуден на Јувентус.
Ако Кристенсен ја напушти Барселона, тогаш Каталонците автоматски ќе добијат дозвола трајно да го регистрираат Олмо.