Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Барселона планира дополнително да се засили ова лето. Нико Вилијамс е уште стара желба, а сега се појави информација за уште една желба на челниците на Каталонците, но, како и секогаш во Каталонија, проблемот се парите.
Во нешто помалку од два месеца пред нас ќе ги следиме случувањата на трансфер сцената.
Барселона планира да се засили ова лето, а шампионот на Шпанија сега покажа интерес за Дензел Думфрис.
Овој фудбалер со Интер ја избаци Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, а во два натпревари постигна два гола и исто толку пати асистираше.
Репрезентативецот на Холандија има откупна клаузула од само 25 милиони евра и сè изгледа дека ќе оди глатко, но…
Откупната клаузула по оваа цена важи само до средината на јули 2025 година, и големо прашање е дали Барселона до тогаш може да собере и да даде 25 милиони евра.
Познато е дека веќе подолг период Барселона има проблеми со финансискиот ферплеј, и имаат проблеми и со регистрацијата на играчи.
Фото: Принтскрин