Барселона не може да ги рестирира Левандовски и Рафиња поради Де Јонг!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен се летните засилувања за Барселона, иако каталонскиот гигант планира да купи уште неколку фудбалери, но проблем е нивната регистрација.

Барселона се надеваше дека со продажба на Френки Де Јонг ќе заработи околу 80 милиони евра, а така ќе ослободи доволно простор во буџетот за да ги регистрира играчите за новата сезона во Ла Лига.

Доколку Де Јонг не си замине или не прифати намалување на платата за 50 отсто, тогаш Левандовски и Рафиња не може да бидат регистрирани како играчи на Барселона.

Раководството на Ла Лига не планира да направи исклучок за Барселона, па клубот мора да се ослободи од големите плати или да смисли друго сценарио за да избегне ваков проблем, а наводно се размислува и за продажба на Марк Андре Тер Штеген.