Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот гигант Барселона повторно има проблеми со финансиите и поради тоа не може да регистрира дури девет фудбалери.
Барселона мора да пронајде 130 милиони евра до крајот на јуни затоа што ќе се соочи со сериозни проблеми.
Сержи Роберто и Маркос Алонсо ќе станат слободни играчи на 30 јуни, а завршуваат и договорите на Жоао Кансело и Жоао Феликс.
Ињиго Мартинез и Витор Роке беа регистрирани само за минатата сезона, а први сениорски договори се очекуваат за Алехандро Балде, Ламин Јамал, Пау Кубраси и Хектор Фонт, додека на крајот останува Гави.
Исто така, Ансу Фати, Ерик Гарсија, Клемен Ленгле и Сержињо Дест се враќаат од позајмици и автоматски ќе се регистрираат за следната сезона.