Барселона не може да регистрира пет играчи


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона сè уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

Кatalонците ставија неколку играчи на трансфер-листата, но додека чекаат нивни продажби, се соочуваат со иста ситуација како и минатата сезона.

Се работи за регистрацијата на играчи за новата сезона. Според Mundo Deportivo, засега Барселона не може да смета на Рашфорд, Ѓоан Гарсија, Ѓерард Мартин и Руни Барџи.

Дури ниту на Војчех Шченсни, кој неодамна потпиша нов договор, и мора повторно да биде регистриран, бидејќи службено од први јули беше слободен играч.

Ќе видиме како во Барселона ќе ја решат ситуацијата, но сигурно дека две недели пред почетокот на првенството Ханси Флик не спие мирно.

Фотографија: Grok AI