Барселона нема да го пушти Кутињо под цената која ја зацртаа во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Барселона се подготвени да го задржат Фелипе Кутињо доколку ниту еден клуб не се согласи да ја плати бараната сума од клубот, а таа е 95 милиони евра.

„Каталонците“ би можеле да го задржат Бразилецот кој сигурно нема да биде откупен од страна на Баерн МИнхен.

Челси се поврзуваше со ангажман на Кутињо, меѓутоа високата цена која ја постави шпанскиот клуб веројатно ќе го одврати тимот од Лондон од намерата да го ангажира играчот кој стагнираше по неговиот трансфер од Ливерпул на „Камп Ноу“.

Заинтересирани беа и Евертон и Њукасл, но тешко дека тие ќе бидат во игра кога ќе ја слушнат цената која ја бара Барселона.