Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона долго време бараше начин како да се ослободи од бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо, кој очигледно си пронајде нов тим за својата иднина.
Кутињо во претходните недели се поврзуваше со неколку тимови, а најмногу со враќање во Премиерлигата, каде што треба да се врати.
Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери, денеска објави дека Кутињо ќе потпише договор со Астон вила.
Барселона и Астон вила постигнале договор по преговорите кои се одржале во текот на денот, а станува збор за позајмица.
Англискиот тим треба да ги покрие трошоците за платата на бразилскиот фудбалер, па тоа значи дека Барселона ќе може да го регистрира Феран Торес.
Овој трансфер значи и нова соработка меѓу Кутињо и Стивен Џерард, кои играа заедно во Ливерпул пред неколку години.