Барселона никогаш во историјата не го победила Ливерпул на Камп Ноу


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Окако во четврт-финалето на Лигата на Шампионите го елиминираа Манчестер Јунајтед, Барселона во полуфиналето ќе игра против уште еден англиски тим – Ливерпул.

Во последните неколку години се докажа дека Мачестер Јунајтед посебно и одговара на Барселона, па заради тоа Каталонците ги победија последните четири дуели.

Сепак, со тимот на Ливерпул, статистиката е далеку полоша.

Имено, Барселона никогаш во историјата на клубот не успеала да ги порази Редсите на домашен терен. Низ историјата се играле четири натпревари помеѓу овие два ривали на стадионот на Камп Ноу на кој Ливерпул има победено два пати, а се одиграле и два нерешени натпревари.

Првиот меѓусебен дуел на Камп Ноу го одиграле во далечната 1976 години кога Ливерпул ја поразил Барселона со резултат од 1:0, додека натпреварите во 2001 и 2002 година завршија нерешено. Последен пат во Барселона играа во 2007 година во рамките на осмина-финалето на Лигата на Шампионите каде што Ливерпул славеше со резултат од 2:1.

Да се потсетиме, првиот дуел оваа сезона во полуфиналето од Лигата на Шампионите ќе се одигра на 1 Мај во Барселона, додека шест дена подоцна, реваншот ќе се одигра на Енфилд.