Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго време се шпекулира дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ, кадешто не е задоволен веќе некое време, па најверојатно ќе се врати во неговиот поранешен клуб Барселона.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона и ПСЖ почнале преговори за враќање на Бразилецот во Каталонија.
Нејмар во 2017 година се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, па така стана најскап фудбалер во светот, а сега Французите бараат 300 милиони евра за негов трансфер.
Планот на Барселона е да понудат „само“ 100 милиони евра, а притоа во ПСЖ да го испратат и Филипе Кутињо, кој е големо промашување на управата на Каталонците.
Кутињо пристигна пред година ипол на „Камп ноу“ како големо засилување од Ливерпул, но се покажа како промашување.