Барселона обвинета за поткуп – ќе биде исфрлена од Ла Лига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во сериозен проблем поради случајот Негреира и исплаќањето на милиони евра на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Шпанија.

Барселона му исплатила над седум милиони евра на потпретседателот на комисијата во изминатите две децении.

Утрово од Шпанија пристигна информација дека Барселона ќе одговара за поткуп, а наводно тоа го кажал судијата кој го води случајот.

Освен екипата од Каталонија, ќе одговараат пред суд и поранешниот претседатели Хозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и Енрикез Негреира, но и неговиот син Хавиер.