Барселона одреди за колку пари ќе го продаде наследникот на Меси


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Каталонскиот гигант во моментов е на првата позиција во Ла Лига, но Барселона не пронајде вистинска замена за нивната легенда Лионел Меси.

Барселона воедно се соочува и со финансиски проблеми, па раководството планира да го продаде младиот фудбалер Ансу Фати.

Наследникот на Меси има 20 години, но често е повреден и затоа каталонскиот тим планира да го продаде за сума од 70 милиони евра.

За услугите на Фати постои интерес од неколку европски гиганти, но останува да видиме дали некој од нив е подготвен да даде толку пари во јануари.