Барселона остана без најголемата ѕвезда за „Ел Класико“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона е на добар пат да го освои трофејот во Ла Лига, затоа што има голема предност пред вечниот ривал Реал Мадрид.

Барселона, сепак, доби лоши вести пред „Ел Класико“ во шпанскиот Куп, кое се игра в четврток затоа што тренерот Чави Ернандез остана без услугите на Роберт Левандовски.

Левандовски синоќа играше против Алмерија (0-1), но по натпреварот се пожалил на повреда, а прегледите покажале дека ќе мора да одмори одреден период.

Полјакот се очекува да биде дел од тимот за реваншот против „кралевите“ на 19 март.