Барселона подготви понуда за Јувентус, а во неа го вклучи и Пјаниќ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона ова лето подготвува големи промени во екипата, а се очекува следната недела клубот да потврди неколку трансфери.

Сега е јасно дека во Каталонија како слободни фудбалери ќе пристигнат Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, додека Мемфис Депај е многу блиску да потпише договор.

Покрај бесплатните засилувања, се очекува и продажба на дел од фудбалерите на Барселона, а освен некои играчи се очекува и заминување на тренерот Роналд Куман.

„Мундо Депортиво“ објави дека на листата со желби на каталонскиот тим се наоѓа и дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт.

Де Лихт не е задоволен во Јувентус, а Барселона за неговите услуги ќе понуди двајца фудбалери, меѓу кои се Миралем Пјаниќ, како и уште еден, но не е познато дали Антоан Гризман или Осман Дембеле.