До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона поднесе официјална жалба до УЕФА поради судењето во четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, пренесе денеска каталонскиот клуб.
Во соопштението, Барселона наведува дека во двата натпревара биле донесени “одлуки кои не биле во согласност со правилата на играта”, истакнувајќи дека проблемите произлегле од погрешната примена на прописите, како и недостигот од соодветна реакција на ВАР системот во клучни моменти.
Барселона смета дека “акумулацијата на овие грешки директно влијаеше на текот на натпреварите и конечниот исход на двомечот”, предизвикувајќи “значителна спортска и финансиска штета” за клубот.
Во жалбата се повторуваат веќе испратените барања до УЕФА, но клубот истовремено изразува подготвеност за соработка со европската фудбалска куќа за да се подобри судискиот систем и да се обезбеди “построга, пофер и потранспарентна примена на правилата на играта”.
Барселона беше елиминирана од Атлетико Мадрид со вкупен резултат 2:3. Иако Барселона победи со 2:1 во реваншот, не успеа да го надомести минусот од 0:2 од првиот натпревар.
















