Барселона понижена како никогаш досега, моќниот Баерн Минхен со осум гола во мрежата на Тер Штеген (Видео)


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Екипата на Барселона доживеа незапамтен срам откако со убедливи 8:2 претрпе пораз од тимот на Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Ханси Флик го диктираа темпото уште од самиот старт на натпреварот во кој ги заслужија сите пофалби и честитки од фудбалскиот свет.

Германскиот клуб ги доби двете полувремиња со по 4:1, за на крајот конечен резултат од 8:2.

Томас Милер и Фелипе Кутињо постигнаа по два погодоци, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Левандовски, Кимих, Перишиќ и Гнабри.

За Барселона погодија Алаба кој сам си го совлада Нојер и Луис Суарез кој погоди во 57. минута за намалување на резултатот на тогаш 4:2.