Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот шампион на Шпанија, Барселона си договори ново засилување за следната сезона, а станува збор за Илкај Гундоган од Манчестер сити.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона постигнала вербален договор со 32-годишниот играч, а Гундоган ќе потпише тригодишна соработка со Каталонците.
Манчестер сити претходно му понуди нова соработка на Гундоган, но фудбалерот сакаше нов предизвик и затоа смета дека најдобро за него ќе биде да се пресели во Барселона.
Гундоган игра за „граѓаните“ од јули 2016 година, а неговиот договор завршува ова лето. Тој сезонава постигна девет гола и седум асистенции на 47 настапи за англискиот шампион.