Барселона потврди: Талентиран Шпанец го одби Реал и се пресели на „Камп Ноу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона соопшти дека потпиша договор со младиот и талентиран фудбалер од Рејсинг Сантандер, Пабло Торе.

Шпанските медиуми пишуваат дека Каталонците за овој трансфер платиле пет милиони евра, а договорот беше потпишан без присуство на новинарите.

Торе е иднината на Барселона и шпанскиот клуб, а во неговиот договор е вметната откупна клаузула од 100 милиони евра.

Шпанецот на почетокот ќе игра за Б-тимот на Барселона, но се очекува во текот на сезоната да добива шпанса во првата екипа.

Торе за неговиот поранешен клуб одигра 59 меча, а притоа постигна 14 голови и 18 асистенции.