Барселона прави бомбастичен трансфер на лето: Го купува најдобриот играч на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумот „Ел Чирингито“ во своето денешно издание пишува дека од Барселона прават планови за ангажман на Пјер Емерик Обамејанг во летниот преоден рок.

Фудбалеро тна Арсенал е во извонредна форма, меѓутоа клубот во кој сега настапува не е на потребното ниво, па Габонецот веројатно ќе прифати било каква понуда од Шпанија.

Трансферот дополнително би го забрзал евентуален неуспех на Арсенал во намерата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Во моментов не цутат рози во Арсенал, а доказ за тоа е фактот што и Обамејанг, иако е најдобар, неодамна беше вербално нападнат од група фанови на клубот.