Барселона пред 25 години одби да игра во Купот и не доби казна!


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Многу турбулентни 24 часа во Шпанија. Реал Мадрид се закани дека нема да го игра финалето на Копа дел Реј поради судиите, но на крај сепак одлучи да игра. Од друга страна, и Барселона беше во слична ситуација и одлучи дека нема да игра.

Реал Мадрид и Барселона се најголемите шпански клубови и понекогаш сметаат дека токму ним треба да им се прилагодат правилата.

Овој пат „Кралевите“ беа тие што се жалеа затоа што незадоволни од делегирањето на судиите за финалето на Копа дел Реј одлучија да се заканат дека нема да го играат мечот со Барселона.

„Кралевите“ воопшто не ги извршија официјалните активности на стадионот “Ла Картуха”, како што се прес-конференција и тренинг.

Сепак, во петок навечер пристигна соопштението од клубот каде наведоа дека никогаш не размислувале за откажување од финалето на Копа дел Реј.

„Реал Мадрид разбира дека фудбалските вредности мора да преовладуваат, и покрај непријателството и анимозитетот кои беа очигледни уште еднаш против нашиот клуб, од страна на судиите одредени за финалето”, порачаа од Мадрид.

Интересно е дека на денешен ден во 2000 година Барселона се откажа од натпреварот на Копа дел Реј, поточно од реваншот на полуфиналето против Атлетико Мадрид, но не беше казнета.

Атлетико ја доби првата средба на „Винсенте Калдерон“ со 3:0, а беше одлучено реваншот да се игра за време на репрезентативната пауза. Нешто на што Каталонците не сакаа да се согласат.