Барселона притиска за трансфер на Вилијан: Му го нуди тоа што Челси не може


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Барселона го обнови интересот за ангажман на бразилскиот фудбалер од редовите на Челси, Вилијан.

Искусниот крилен играч останува без договор по крајот на сезоната, па ќе биде во можност да ја избира средината во која ќе игра следната сезона.

Според „Скај Спортс“, Барселона му на играчот му нуди тригодишен договор, нешто што беше кочница во преговорите со Челси.

Челси исто така според медиумот стокмил понуда за играчот, а Арсенал и Интер Мајами исто така го посакуваат во своите редови.