Барселона продава уште една ѕвезда – три гиганти се борат за овој фудбалер!


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Барселона ова лето ќе игра значајна улога на фудбалскиот пазар бидејќи се очекува да донесе неколку засилувања, но јасно е дека ќе има и заминувања. Се знае кој Барселона се обидува да го продаде, и изгледа дека би можела да инкасира над 60 милиони евра од трансферот на еден од дефанзивците.

Каталонскиот клуб ги изненади сите со одлуката дека Марк-Андре тер Штеген може да замине од клубот затоа што одлучиле дека од следната сезона прв избор на голот ќе биде Жоан Гарсија кој за 25 милиони евра доаѓа од Еспањол.

Барселона сака на секој начин да се ослободи од Тер Штеген и е подготвена да го пушти да замине за 20 милиони евра.

Но, јасно е дека германскиот голман не е единствениот кој Барселона сака да го продаде. Меѓу играчите кои добиле зелено светло да заминат од клубот е и Роналд Араухо, но од него сакаат да заработат многу повеќе пари.

Ханси Флик веќе му порача на Араухо дека не му гарантира место во стартната постава во новата сезона и дека и овој пат пред него ќе имаат предност Иниго Мартинез и Пау Кубарси.

Иако Араухо пред неколку месеци го продолжи својот договор до летото 2031 година, Уругваецот свесно остави можност за заминување од клубот ова лето на што пристанала и Барселона.

Тој во првите десет дена од јули ќе има активна откупна клаузула во износ од 65 милиони евра, и наводно веќе три клуба покажале голем интерес за него.

Тоа се Баерн, Јувентус и Манчестер Јунајтед со кои Араухо и претходно се поврзуваше. Но, предност е што тогаш неговата цена беше 80 милиони евра, а сега имаат можност да го доведат за 15 милиони помалку.

Фото: Grok AI