Барселона првпат ја проби магичната граница!

Враќањето на Спотифај Камп Ноу, зголемувањето на приходите од спонзорите и рекордната продажба на клубските производи овозможија на Барселона во сезоната 2025/2026 да оствари најголеми приходи во својата историја.

Барселона оствари финансиски резултат кој никогаш претходно не е забележан. Каталонскиот гигант објави дека во текот на сезоната 2025/2026 оствариле приход поголем од милијарда евра. Ова е првпат во историјата на клубот да се пробие таа магична граница.

Историската информација беше потврдена по редовната седница на Управниот одбор на Барселона, одржана на 3 септември. На неа беа разгледани и завршени годишните финансиски извештаи за претходната сезона. Комплетните резултати ќе бидат претставени на членовите на клубот на Генералното собрание.

Собранието е закажано за сабота, 19 септември. Првиот термин е определен за 9:30 часот, додека вториот е закажан половина час подоцна. Собранието е свикано согласно членот 27 од статутот на клубот.