Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона планира летово да направи многу промени во екипата, а шпанските медиуми објавија дека Антоан Гризман би можел да го напушти каталонскиот тим.
Каталонците, наводно, го понудиле Гризман на неговиот поранешен клуб во замена за младиот и талентиран Жоао Феликс.
„Гризман? Одличен играч и се надевам дека повторно ќе заигра за нас. Меѓутоа, не верувам дека Барселона сака да се ослободи од него“, кажа претседателот на Атлетико.
И покрај зборовите на првиот човек на Атлетико, Барселона наводно е подготвена да се ослободи од Гризман, а тоа го најави и експертот за трансфери Фабрицио Романо, а наводно и ПСЖ ја следи ситуацијата.
Французинот, сепак, не сака да се пресели во татковината, туку би сакал трансфер во Премиерлигата.