Барселона се надева на победа против Реал во кралскиот Куп по пауза од 1990 година


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вечерва фокусот на фудбалската јавност ќе биде во Севиља, каде што ќе се одржи финалето на шпанскиот куп – Копа дел Реј. На теренот ќе ги видиме двајцата големи ривали на шпанскиот фудбал, Барселона и Реал Мадрид.

Иако Барса и Реал се меѓу најистакнатите клубови во шпанскиот фудбал, нивните дуели во финалето на Копа дел Реј не се чести. До сега вкупно шест пати се соочиле во финален натпревар, а победите се поделени рамномерно – по три за секој тим.

Барселона гледа шанса да ја прекине оваа неповолна серија. Последниот пат кога Барса го совладала Реал во финале на Копа дел Реј беше во 1990 година, кога на стадионот „Луис Казанова“ во Валенсија извојува победа со резултат 2-0.

Фото: Принтскрин