Барселона се откажува од намерата да го ангажира Вилијан, Бразилецот останува во Премиер лигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај фактот што пред само две сезони беа подготвени да платат високи 50 милиони фунти, од Барселона сега нема да тргнат по ангажман на играчот на Челси, Вилијан.

Бразилецот ќе биде слободен агент по крајот на сезоната откако призна дека минимални се шансите тој да го продолжи договорот со Челси.

Сега, тој најверојатно ќе остане во Премиер лигата, а се верува дека нема да го менува ни градот и ќе остане и во Лондон откако за него интерес пројави Жозе Мурињо кој сака да го донесе во таборот на Тотенхем.