Барселона сè уште не го потврди трансферот, а Обамејанг веќе почна со тренинзи! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјер-Емерик Обамејанг го имаше првиот тренинг со неговиот нов тим Барселона, иако каталонскиот гигант сè уште не го потврди неговиот трансфер.

Обамејанг вчера успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша договор пред самиот крај на јануарскиот преоден рок, меѓутоа Барселона чека потвра од шпанска Ла Лига за да може да го регистрира.

Габонецот во Барселона доаѓа како слободен играч, откако тој го прекинал договорот со Арсенал, па не сакаше да троши време и почна со преговори.

На една од фотографиите кои беа објавени од „Мундо Депортиво“ може да се забележи дека тренира покрај Осман Дембеле, кој остана во клубот, и покрај најавите за заминување.