Барселона си договори Бразилец, ќе ангажира уште тројца фудбалери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона го реализираше трансферот на Густаво Маиа, талентиран напаѓач кој пристигнува од Сао Паоло во Европа.

Ова момче одби да потпише договор со матичниот клуб, кој ја прифати понудата од Барселона во висина од 4,5 милиони евра и тој потпиша петгодишен договор.

Првиот човек на клубот Бартомеу вели дека ќе го почека крајот на европските купови, по што со Интер ќе преговара за Лаутаро Мартинез, кој би требало да ги чини 80 милиони евра.

Исто така, ќе се бара нов стопер, а од екипата се очекува да заминат Самуел Умтити, Филипе Кутињо кој е блиску до Арсенал, Осман Дембеле кој го нема никаде и уште неколку фудбалери.