Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот гигант Барселона бара засилувања за следната сезона, а на листата со желби се најде капитенот на Челси, Цезар Аспиликуета, кој има договор со „сините“ до крајот на сезоната.
Барселона сака да го добие квалитетниот дефанзивец целосно бесплатно, а наводно ниту Аспиликуета нема ништо против да го облече дресот на гигантот од „Камп Ноу“.
Шпанските новинари пишуваат дека преговорите веќе се почнати меѓу Барселона и Аспиликуета, а наводно на фудбалерот му се нуди двегодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Аспиликуета пристигна во Челси во 2012 година од Марсеј, а настапуваше уште и за Осасуна која ја напушти во 2010 година. Шпанецот за премиерлигашот одигра 456 меча, а притоа постигна 14 голови и 56 асистенции.
Барселона е заинтересирана за уште еден дефанзивец на Челси, кој има договор до крајот на сезоната, а тоа е Андреас Кристенсен.