Барселона тоне во долгови, а само еден фудбалер му понуди помош на клубот!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Поради пандемијата на ковид-19, Барселона се наоѓа во големи финансиски долгови кои изнесуваат неверојатни 450 милиони евра.

Каталонскиот клуб е погоден од пандемијата, па најмногу го почуствуваа прекинот на лигата, а потоа и играњето на натпревари пред празни трибини.

„Мундо Депортиво“ објави дека само еден фудбалер ја понудил неговата помош за решавање на проблемот, а тоа е Жерар Пике. Тој и претходно му помагаше на клубот финансиски затоа што е најзаслужен што компанијата „Ракутен“ го продолжи договорото со Каталонците.

Пике ја понудил својата помош затоа што е подготвен со свои пари да покрие некои долгови, но главниот дел од проблемот е неговото ангажирање на нови спонзори и инвеститори.

Пике работи на тоа со неговите соработници, па се очекува до крајот на годината во Барселона да бидат вложени повеќе од 100 милиони евра.