Барселона трие раце: Пристигна прва понуда за Луис Суарез! (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона доби официјална понуда за Луис Суарез. Според информациите на „Ел Чирингито“, понудата за Уругваецот пристигнала од Ајакс, а изнесува 15 милиони евра.

Спортскиот директор на гигантот од Амстердам, Марк Овермарс е голем фан на Суарез, па сака да го врати во клубот и веќе го направи првиот чекор кон тоа.

Суарез е еден од фудбалерите кои Барселона ги стави на трансфер-листата и постои голема можност 33-годишниот напаѓач да го напушти клубот по шест години.

Уругвајскиот напаѓач го носеше дресот на Ајакс од 2007 до 2011 година, а во тој период одигра 159 меча и постигна 11 голови.