Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Нико Вилијамс, младиот играч на Атлетик Билбао и шпански репрезентативец, е на прагот на сензационален трансфер во редовите на Барселона. Според најновите информации од шпанските медиуми, тој веќе усогласил услови за личниот договор со каталонскиот клуб и се очекува наскоро да биде формално претставен како нивно ново засилување на „Камп Ноу“.
И покрај тоа што беше цел на неколку водечки европски клубови, Вилијамс ја избрал Барселона за своја наредна дестинација. Тој потпиша договор на шест години, што подразбира дека ќе остане во клубот најмалку до јуни 2031 година.
Фабрицио Романо, познатиот експерт за трансфери, објави дека младата ѕвезда ќе заработува помеѓу седум и осум милиони евра по сезона.
Фото: Grok AI