Барселона во последен обид да го ангажира Вилијан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Барселона подготвуваат понуда во висина од 20 милиони фунти за фудбалерот на Челси, Вилијан.

Бразилецот подолг период е следен од Барселона која сакаше да го ангажира и во летото 2018 година за сума од 55 милиони фунти, но тогаш Челси ја одби понудата.

Сега Барселона ќе го добие за 20 милиони фунти затоа што искусниот офанзивен фудбалер ќе остане без договор по крајот на оваа сезона.