Барселона во проблеми: Фати ќе паузира дури до април!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати нема да игра до април. Тој го напушти теренот во саботата кога Каталонците победија со 5-2 против Бетис, а причината е повреда.

Фати доживеа тешка повреда на коленото и во понеделникот беше опериран и според првите информации, ќе ги пропушти следните пет месеци.

Младиот фудбалер беше важен дел од Барселона, посебно поради слабите игри на Лионел Меси и Антоан Гризман, а клубот реши да го продаде и Луис Суарез, па тоа му отвори простор во тимот.

Докторот кој го оперираше кажа дека се очекува Фати да паузира од три до пет месеци и најверојатно фудбалерот ќе се врати на терен дури во април.