Барселона за прифатлива сума продава еден од своите стопери

Од редовите на Барселона се подготвени да го продадат Самуел Умтити за доста прифатлива цена.

Како што пишува каталонскиот весник „Спорт“, Барселона е подготвена да го пушти во друг клуб освојувачот на Светското првенство со Франција за само 27 милиони фунти.

За 26 годишниот стопер има голем интерес од неколку екипи од Англија и Италија кои ќе се обидат да го донесат во своите редови.

Манчестер Јунајтед и Челси се интересираат за него, а интерес пројавува и Наполи кој во Умтити нашол замена за Калиду Кулибали кој веројатно ќе си оди од клубот.