Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) има свој финансиски фер-плеј, а Шпанците се водат според друг, па тимовите имаат ограничувања за платите и зависат од приходите.
Прашање за Барселона е сега како ќе го задржи Лионел Меси во клубот бидејќи се соочуваат со големи финансиски проблеми.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Жоан Лапорта мора да продава некои ѕвезди, меѓу кои е Антоан Гризман бидејќи приходите од Жуниор Фирпо, Жан Клер Тодибо и Конрад де ла Фуенте изнесуваа 26,5 милиони евра.
Меси сака да остане, но Барселона нема доволно пари за да му понуди добар договор, а нема пари ниту да ги регистира засилувањата Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија.
Дури и да ги ослободи Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ, Барселона ќе мора да најде уште пари, а се надева дека тоа ќе го направи со продажба на Гризман, зашто тој може да им донесе доволно пари за да ги „закрпат“ дупките.
Ако не се најде купувач за Гризман, тогаш ќе постои проблем околу иднината на Меси, за кој заинтересирани се ПСЖ и Манчестер сити.