Барселона загуби судски спор со Зенит – причина е војната во Украина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Барселона ја изгуби судската битка за добивање бонус од половина милион долари од Зенит од Санкт Петербург, кој рускиот фудбалски клуб не мораше да го плати бидејќи му беше забрането учеството во Лигата на шампионите по почетокот на војната во Украина.

Спортскиот арбитражен суд соопшти дека ја отфрлил жалбата на Барселона на минатогодишната одлука на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во спорот за договорот за трансфер на бразилскиот крилен играч Малком.

Зенит го купи Малком од Барселона во 2019 година и договорил клаузула за плаќање од 490.000 евра (536.000 долари) секој пат кога клубот ќе се квалификува за групната фаза на Лигата на шампионите во сезона во која фудбалерот одиграл речиси половина натпревари во домашната лига.

Зенит ја освои титулата шампион на Русија во сезоната 2021/2022, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) ги исклучи сите руски тимови од своите натпреварувања поради воениот напад на Украина.

Барселона се обиде да го реализира наплатувањето, но судот на ФИФА пресуди дека Зенит не треба да „дели економска добивка која никогаш не ја стекнал“ и дека клубот не е виновен за војната.

Зенит подоцна го продаде Малком на Ал Хилал од Саудиска Арабија за 60 милиони евра.