Барселона започна подготовки, пристигна и фудбалер за кого многумина заборавија дека сè уште е нивен член


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Барселона денеска официјално ги започна подготовките за новата сезона, а на медицинските прегледи се појави и фудбалер за кој многумина заборавија дека сè уште е член на каталонскиот клуб.

Барселона минатата сезона ги воодушеви сите со својата игра и успеа да освои троен трофеј во Шпанија.

Единственото што каталонскиот тим не успеа да го освои минатата сезона е Лигата на шампионите, и јасно е дека тоа ќе биде главната цел на Барселона во оваа сезона бидејќи на тој трофеј чекаат уште од 2015 година.

Сигурно е дека на екипата на Ханс Флик ќе има многу поголем притисок во новата сезона, за која денеска фудбалерите на Барселона се почнаа официјално да се подготвуваат.

Станува збор за искусниот играч од средината на теренот Ориол Ромеу, кој утринава пристигна прв на медицинскиот преглед.

Ромеу се врати во Барселона откако минатата сезона ја помина на позајмица во дресот на Жирона. Овој тим не го откупи неговиот договор, но јасно е дека Барселона ќе се обиде што побрзо да го отстрани.

Фото: Принтскрин